Занимливости

Ако ви пречи мљацкање

Следниот пат кога ќе ви дојде да го задавите колегата зашто со мљацкање го јаде својот сендвич, едноставно опуштете се за момент и дозволете да ве облее мислата дека сте генијалец. 

Што да прави човек на кој му е фрлена бомба?

Ако не се умислил дека станал Капетан Америка, тогаш најдобар совет во случај на фрлена бомба е да не ни помислува да му ја врати бомбата на оној кој му ја фрлил.

Толку полошо по фактите

Разумно е човек да полага надеж во фактите. Да верува дека нивната сила е доволна да се постигне согласност околу нешто. Па сепак, гледате наоколу што се случува, очи ќе си извадиме. Дали е можно ваквата поларизација да е резултат на тоа што луѓето во некои критички мигови знаат да се чувствуваат ослободени од фактите?

Јадењизам и ренесанса

Иако на Запад сè погласни стануваат движењата за толерантност кон нечија тежина, стравот и натаму е доминантна емоција во врска со вишокот килограми. Не и за една шарена заедница луѓе чиј фетиш е да јадат и да се дебелеат.

Зошто не зборуваме со устата, туку со ушите?

Никогаш досега не сме забележале ништо чудно при говорењето на поранешниот американски претстедател Бил Клинтон. И после статијава веројатно нема да забележувате, ама барем ќе знаете што му е.

Истетовирана родителска љубов

На приказната случајно налетавме на ѕидот на Лешоски. Нашиов емотивец вика: Си најдов уште еден артикл за фолдерот „Работите за кои вредеше да се живее". И, така е.

Научно тролање со заговори

Во научни цели на интернет биле пуштени еден куп гласини подготвени според омилените формули за заверенички теории. Потоа се анализирало кој се фаќа на такви приказни и каде се информираат таквите луѓе.

Торбата од 168 илјади долари за номинираните за Оскар

Ако по завршувањето на Оскарите со себе не понесеш златна статуетка, тогаш е голема веројатноста дека со себе ќе понесеш торба со подароци, со вкупна вредност од 167.586 долари.

Богатите спијат подобро

Класните разлики не запираат пред спалната соба а богатите луѓе не се погалени само од јавето туку и од сонот.

Пораснати во Њујорк без да го видат градот

Шест браќа и една сестра, сосема изолирани од градот во кој растеле. Ги одгледала мајка им во стан од кој клуч имал само татко им. Единствената врска со надворешниот свет им биле филмовите. Изгледале околу 5.000 филма а нивната приказна доби награда на фестивалот Санденс.

Долговечната баба која мрази зеленчук

Животот знае да им се насмее во лице на бројните формули за долговечност кои секојдневно ни се нудат поткрепени со наука или некое квази знаење. Во Вирџинија 106-ти роденден прославила баба која мрази зеленчук и секој ден пие Пепси.

Науката и згодните мажи

Официјалниот заклучок од студијата на Брунел Универзитетот е дека згодните мажи се посебични од останатите мажи. Неофицијалниот заклучок од студијата е дека машките научници им љубоморат на згодните мажи, па им вадат муабети.

Психолошката разлика помеѓу 12,00 и 11,67 долари

Потрошувачите веќе се навикнаа на „,99" цени, но оние кои отстaпуваат од ваквиот формат можат да влијаат на толкувањето на тоа колку всушност трошите.

Брзиот стреличар што ја промаши поентата

Eдно видео на екстра-брз и навидум вешт стреличар беше масовно споделувано деновиве, предизвикувајќи „вау" ефект. Но со него има неколку проблеми - тоа не само што најверојатно е монтирано така за да изгледа совршено, туку содржи и куп историски и научни грешки кои можат да создадат сосема погрешен впечаток кај оние кои не се разбираат во работата.

Како би изгледала глобалната еднаквост?

Ако по некое чудо, целото светско богатство најферски и најрамномерно се подели на сите возрасни жители на оваа планета, работите ќе стојат вака:

На среќата ѝ е сеедно околу парите

Не е дека парите те прават среќен, туку помагаат да бидеш помалку тажен, е малата ама филозофски важната разлика што ја откриваат од Универзитетот на Британска Колумбија.

Победа на оние дечки кои мочаат стоечки

Дали момците и натаму треба да уринираат стоејќи или пак конечно треба да си легнат на брашното тоест седнат на шољата, не е ниту нова, ниту пак наивна дебата. Околу ова прашање се пишуваат книги а дилемата стигна и до суд.

Како е да си шофер на саудиска принцеза

Меѓу останатите работи што саудискиот крал Абдула ги остави зад себе се и околу 7.000 принцови и принцези. На ова плус се и десетици илјади останати членови на кралското семејство.

Тестовите не се решение на проблемот, тестовите СЕ проблемот

Со години сум сведок како стандардните тестови го гушат духот на учениците, внесуваат стрес во семејниот живот, ги деморализираат наставниците, ги потценуваат училиштата, ја парализираат образовната дебата и ја поткопуваат идната компетитивност на оваа земја, вели авторка која долго се занимава со оваа проблематика.

Факти за Северна Кореја

Од најизолираната земја на светот често стигнуваат неверојатни информации кои подоцна се откриваат како лажни (како на пример дека смртна казна се извршува на полн стадион, со базука). Овојпат, само оние кои имаат некаков потпишан извор. Главно ЦИА ама па и тие некогаш знаат нешто.

Како Менхетен беше трампан за морско оревче

Заедно со каранфилчињата и циметот, морското оревче е најкарактеристичниот зачин на божиќните и новогодишни празници. Пред неколку века, луѓе имаат гинето за него.

Година на брзите усти

Индипендент состави листа на изјави дадени во 2014-та за кои вели: "среќни сте што вие тоа не сте го кажале".

Си немале архитектите работа

Што се случува кога на куп архитекти ќе им кажеш да не се секираат за пари, усул или градежни норми? Не, не е тоа што го мислите, ова е кул.

Како сам да се врзеш на јарболот на ветувањето

Знаете она кога на гости ќе ќе ви ги тргнат грицките за да може да вечерате, а вие наместо да се буните, се заблагодарувате? Од вакви и уште поголеми искушенија можат да ве бранат други, но со малку мотивација тоа можете да го правите и самите. Накратко - сите ние сме Одисеј.