Авторот на книгата „Дуели и дуети“, Американецот Џон Л. Лок, објаснува дека општоприфатеното значење на зборот „озборува“ звучи погрдно, но реалноста вели дека озборувајќи жените ја исполнуваат моралната обврска кон општеството.
„Една студија покажа дека озборувачките биле загрижени за лошите домаќини, за лошите мајки... За сите оние што се некаква закана за секоја жена во заедницата, што значи тие имаат здрава причина да зборуваат за такви работи“, вели Лок.
Од друга страна, пак, мажите повеќе сакаат да ја покажуваат својата сила и да се фалат пред жените, гласно навредувајќи ги другите момци директно в лице. „Жените тоа никогаш не би го сториле“, вели професорот.
Вакви разлики постојат и во говорот, особено кога е во прашање потрагата по партнер. Жените често пати го споделуваат своите емоции и зборуваат потивко за да воспостават посилна врска меѓусебе, но и за да се заштититат од агресивните мажи.