Од шупливо во празно

Професори од UCL (University College London) успеале да патентираат шема која покажала дека мозочната активност пред некој настан е еднакво важна за негово меморирање како и онаа по случувањето. Треба акцијата да се префрли од лево на десно.

Во процесот на собирање информации мозокот може да ја префрли работата од својата лева на својата десна страна. Бидејќи десната страна на мозокот е задолжена за меморирање, важно е неколку моменти пред да дојде до информацијата мозокот да ја префрли работата во својата десна хемисфера и на тој начин да биде подготвен за меморирање.

"И до сега научниците знаеа дека во процесот на меморирање мозочната активност ги менува страните, но сега ја откривме конкретната активност која одредува дали нешто ќе биде запамтено или не," објаснуваат професорите од UCL.

Друг важен момент во памтењето била јачината на мозочната струја. Доколку за време на настанот, волтажата во предниот дел на скалпот била висока, големи се шансите тој да биде мемориран. Во спротивно при помала волтажа речиси ништо не се меморира. Научниците јачината на струјата ја поврзуваат со обидот на мозокот да ја го префрли дејстивето од левата на десната страна.

 

3 ноември 2016 - 09:41