Не дека сме и онака нешто многу паметни. Ама кога секоја информација е на онлајн дофат, почнуваш да се однесуваш како поглуп отколку што навистина си. Нула напор за нешто да се запамти или да се научи. Чуму маката, кога пак ќе може да се пребара?
Професори од UCL (University College London) успеале да патентираат шема која покажала дека мозочната активност пред некој настан е еднакво важна за негово меморирање како и онаа по случувањето. Треба акцијата да се префрли од лево на десно.