Американскиот департмент за транспорт ги одби поплаките на патниците на хавајскиот авиопревозник откако овие воведоа практика за нивно мерење при купувањето карти.
Ја вовеле откако по 6-месечно волонтерско мерење на клиентите, сфатиле дека тие сосе багажот тежат многу повеќе отколку што компанијата си замислувала. Што им правело поголеми трошоци за гориво, а попат им текнало тоа да го правдаат и со безбедносни причини, демек да можат поправилно да ја распоредат тежината.
Интересно е што оваа мерка е воведена на само една линија, меѓу Хаваи и Самоа. Самоанците важат за едни од најдебелите луѓе на светот. Дури и самоанскиот официјален авиопревозник пред три години ја има воведено оваа мерка, која, освен во овие два случаи, постои само уште во Узбекистан.