Приказната стана вирална преку еден кинески форум, а дел од наводите подоцна ги потврди и Би-би-си.
Имено, некоја кинеска форумџика ја споделила приказната со својата пријателка, која убедила 20 дечковци да ѝ купат ајфон 7, потоа ги продала телефоните и со парите си купила куќа.
Се разбира, најинтересен дел е како таа успева да има 20 дечковци истовремено, но има способни девојки по светов. Умницата одбила интервју со Би-би-си велејќи дека вниманието на јавноста не ѝ одговара на приватноста до која држи.
Се знае дека младата Ксиаоли (што не ѝ е вистинкото име) е од јужната провинција Шензен, дека е најстара ќерка во една не баш богата фамилија (мајка домаќинка, татко работник) и дека сакала своите родители да ги скраси во сопствен дом.
„Јас не можам еден дечко да фатам, таа ги врти 20. Мора да ми објасни во што е трикот“, гласи стандардната реакција на кинеските девојки на тамошните социјални мрежи. Други пак масовно ја прогласија Ксиаоли за дроља.
Но останува потфатот дека им собрала 20 чичка нови ајфони на цреповите, ги продала топтан на една компанија, за што добила 23.571 долар и со тие пари уплатила куќа.
Спомнатата компанија потврди дека откупила 20 такви уреди од женски клиент.