Моќта на пораката "Јас гласав"

Кај нас е задолжително тоа прскањето кое многумина го доживуваме понижувачки. Пошто не е данок или смрт, во Америка тоа не е задолжително. На таа тема таму имаат едни стикери, но и тие, иако банални, имаат силно влијание на патиципацијата во изборите.  

Стикерите со пораката "Јас гласав" потекнуваат од 80-тите години, некои им забележуваат дека се непотребно фрлање пари, некои градови ги имаат баталено.

Но истражувања покажуваат дека давањето до знаење дека си гласал игра важна улога во сложениот комплекс на однесување и открива зошто луѓето одат - или не одат - на гласање, прашање кое многу ги копка партиите и другите учесници во изборите.

"Сè се сведува на ова: многумина од нас гласаат за да им кажат на другите дека гласале. И луѓето нејќат да лажат околу тоа ако не мораат," пишува Келси Долаган.

Истражувачи од Беркли, Харвард и Чикаго ја провериле состојбата: пред изборите на едни врати оставале само потсетник за изборите, а на други врати и напомена дека истражувачи ќе дојдат после неколку недели да ги прашаат за гласањето.

Да, се покажало дека луѓето повеќе гласаат ако знаат дека ќе бидат прашани за тоа. Оние кои држат до својот социјален имиџ ќе гласаат ако знаат дека тоа - ќе се знае. Во истражувањата ја утврдиле и цената за лажење и таа изнесува околу 7 долари (страна 4 од истражувањето).

Оние што организираат и учествуваат избори даваат милиони и милиони за да ги вклучат луѓето во изборниот процес. А ефектот некогаш може да се добие и поевтино:

"Оние што прават кампањи треба директно да соопштат: Вашите пријатели и соседи некогаш ќе ве прашаат дали гласавте - не заборавете да гласате", препорачува еден од истражувачите.

Знаејќи ја моќта на потребата од изјаснување, Фејсбук, Твитер и Инстаграм неделава започнаа со сопствени потсетници за американските избори.

 

18 октомври 2016 - 11:52