Беа потребни повеќе од две децении но успеаа: во Мексико сити, мегалополисот кој порано важеше за најзагадениот урбан простор на светот, денеска се дише нормално.
Пред 7 години Кинезите го отворија најголемиот трговски центар на светот, со вкупна површина за дуќани од 650.000 метри квадратни. До денес имаат издадено само 1 процент од сите дуќани.
Сличен проблем како што музичарите имаат со пиратерија на интернет, архитеките имаат со пиратерија на нивните дела во Кина. Моментално еден ист проект се гради на две различни локации во земјата. Пиратската верзија побрзо се гради.
Некои од најдобрите канцеларии од стартап сцената во Њујорк. Не се сите во Менхетен и не се сите во облакодер. Ама сите се со многу стил и генерално сè е опуштено.
Заради градежен потфат во споредба со кој шеиците од Емиратите изгледаат како неамбициозни ѕидари, Кинезите ќе срамнат 700 планини за да можат да изградат метропола сред пустина.
Светски познатата архитектка Заха Хадид е потписник на голема грчка урбанистичка инвестиција во ексклузивниот дел на Белград. Добар дел од експертската јавност е зачуден од контроверзниот изглед на планираниот комплекс.
Станува збор за градови кои се направени од нула. Било празна полјана, измериле нацртале и направиле град. Главната поената на овие градови е да се оптимизира животниот простор, зеленилото, сообраќајот.
Како што е ред и како што било од секогаш Ајфеловата кула ги надгледува Марсовите полиња кои завршуваат со редовите од згради, по кои продолжува остатокот од Париз. Како што не е ред и како што никогаш не било - пејзажов е од Кина.
Нешто слично на мостовите што во моментов се градат на Вардар, се прави и на Сена во Париз, со таа разлика што воопшто не е слично и што во основа е забавно.
Кога Лондон и онака има толку многу вода и канали кои не се користат, зошто тогаш луѓето не би пливале до работа наместо да одат или да возат, порачува група архитекти од Лондон.
Кражбите на велосипеди се еден од најслабо решаваните криминали во САД иако вредноста на украденото не е занемарлива и ФБИ ја проценува на 350 милиони долари годишно. Одговорот на полицијата зошто е тоа така е како во охридскиот виц за џуџињата: немат луѓе.
Го земаш концептот за 3Д печатачи и го претвораш во уште поневеројатен концепт на џиновски 3Д печатачи, кои можат да "испечатат" куќа за помалку од 24 часа.
Еве како изгледа буквалниот негатив на македонскиот главен град: кинески град димензиониран за еден милион жители а во него има само 30.000. Кога другите викаат: пустелија, скопјани викаат: раат.
30-тите години на минатиот век звучат како романтичен период на родителството. Се имало и време и простор и сè што треба да им биде убаво на најмалите членови на семејството. А имало и изуми да им биде уште поубаво.
Од десет најдобри градови за живеење на светот, само еден е во Северна Америка, а и тој не е во САД. Ако сакате да живеете во најдобриот град на светот, ќе треба прво да научите кинески.
Њујорк до сега редовно беше адресата на која се рушеа светските рекорди за најскапи недвижнини, од сега на списокот ќе можат да го додадат и најскапото паркинг место во светот, кое чини 6-пати повеќе од просечниот дом за едно семејство.
Лос Ангелес не е првиот но е е најголемиот американски град кој тотално ја забрани употребата на пластични ќеси. За малку ќе се забранеле и хартиените.