Ни за разгледување не сме

Стара фора: се продава куќа за 160 милиони долари. Нова фора: само брошура за куќата чини 3.000 долари.

На страна брошурата, идниот сопственик само за таксени марки за купувањето на куќата ќе треба да плати 11 милиони долари.

Куќата изградена во 1910-та, моментално е најскапата недвижнина што се нуди на британскиот пазар. Во 2006-та, купена е од еден британски тајкун за недвижности, кој вложува 63 милиони долари во нејзиното реновирање.

Во неа има 14 спални соби, 6 соби за прием, домашно кино, сауна, винска визба и слично. Целиот мермер и намештај и рачно изработен во Италија пред да биде пренесен во Лондон.

Куќата има површина од 2.500 метри квадратни.

25 август 2012 - 14:10