Технологијата на Contour Crafting го користи истиот концепт како и нормалните 3Д печатачи, и е толку детален што дозволува креирање и на внатрешниот дел од куќата (преградни ѕидови, скали...).
Ѕидовите се прават со поставување на слоеви бетон со вградено засилување, а за време на градењето се додава и водоводот и електричната мрежа. Самата технологија дозволува и создавање на заоблени ѕидови.
Како што објаснуваат од компанијата за изградба на куќа од 250 метри квадратни би биле потребни околу 20 часови.
Според професорот Бехрок Хошевнис, технологијата може да се употреби за изградба на куќи во итни случаи, но и за луксузни домови. Освен тоа, по него "печатачот" може да биде употребен и надвор од нашата планета.