Норилск е индустриски град во кој живеат 100.000 луѓе и е сместен на северот на Русија во областа Краснојарск. Владее исклучително сурова клима со просечна годишна температура од минс 13 целзиусови степени.
Целиот град мириса на никел а околината е богата со паладиум и платина. Нема ниедно дрво во пречник од 50 километри.
Изработена е студија која покажала дека економски е исплатливо градот да се третира како рудник и од неговата површина да се собираат тешки метали.
Главниот индустриски комплекс, топилниџата за никел се вика "Надежда".