Работа

Митот за враќањето на фабричките работни места во Америка

Фамозниот и не помалку контроверзен американски економист Џефри Сакс вели дека САД се зрели за нов бум на работни места. Само што тоа нема да бидат нови фабрички места. И нема да се платени баш најдобро.

Директоре, алал да ти се парите

Неколку минути пред првата пауза за ручек во првиот работен ден од годинава, топ 100-те најплатени канадски ЦЕО веќе заработија повеќе пари во 2017 отколку што просечниот работник ќе заработи во текот на целата година. Просечната канадска плата е околу 35.000 евра (49.510 канадски долари).

Французите се изборија за раат попладниња

Од 1-ви јануари француските работници имаат "право да се дисконектираат" односно повеќе не мораат да проверуваат меил попладне по крајот на работното време.

(Глумењето) зафатеност како статусен симбол

Точно е дека работата го создала човекот, но неработењето го има создадено господинот. Некаде на половина на минатиот век работите почнуваат да се менуваат.

Тишината е најдобра музика за работење

Ако на работа носите слушалки за да ја игнорирате галамата околу себе, најдобро е на нив ништо да не свири, туку да ви служат за блокирање на звуците бидејќи сè освен тишина ги намалува перформансите кај најголемиот дел работни задачи што се когнитивно тешки.

Зошто илјадници Исланѓанки напуштaaт работа точно во 14:38?

Затоа што се сетиле на генијално ефикасна идеја како да ја доловат разликата во платите во однос на мажите. 

Како да знаете дaли сте воркохолик

Имате скала со седум критериуми, имате и неколку други корисни информации околу опседнатоста со работа. Ако ја прочитате статијата до крај, ќе сфатите зошто не можеме да ви одговариме веднаш на евентуални поплаки околу текстот.

Зошто капитализмот создава бесмислени работни места

Во 1930 Кејнс предвидува дека до крајот на векот технологијата ќе биде доволно напредна за земји како САД и Велика Британија да можат да си дозволат 15-часовна работна недела. Иако технолошки сме сосема способни да го направиме ова, сепак предвидувањето на Кејнс не се остварува.

Работничко самоуправување на амстердамски начин

Амстердамските ченгии покренаа бордел кои самите ќе го управуваат и менаџираат. Ваквото ОЗТ е помогнато од градската управа и една од најголемите холандски банки.

Твојот шеф стварно е непотребно трошење пари

Вишокот менаџмент (луѓе што те контролираат што работиш за вистинскиот менаџмент да не треба да се смара со тебе), ја чини американската економија 3000 милијарди долари годишно.

Митот за прегорениот модерен човек

Со просечна работна недела од 47 часа, постојана изложеност на смартфони и работа и во приватно време, со заспивање пред смартфонот, и слични нуспоследици од модерниот живот околу 53% од американските работници изјавиле дека се чувствуваат "прегорени". Ако ви е некаква утеха, не е до модерниот живот, кога и да сте живееле би биле подеднакво папсани.

Сите ќе бидат поздрави ако имаме три дена викенд

Бидејќи човечкиот ќеиф слабо проаѓа како кауза, оваа благородна цел за тродневен викенд може да се бутка во име на позвучните пароли за екологија и заштита на околината. Јер факт е дека кога ние одмораме, одмора и планетата.

Плата е да се крие

Во Масачусетс кандидатите за вработување нема да мораат да ја откриваат својата претходна плата, што досега беше главно ограничување во одредувањето на нивната нова плата.

Колегијално донирање денови од одмор

Иако работењето во Гугл носи дузина згодни цаки (види овде), нивната политика на годишни одмори е класична; освен во една работа.

Батали мултитаскинг, гледај си работа

Привидот е дека правиш мултитаскинг, додека во пракса ти не вршиш повеќе од една работа во исто време туку само брзо се префрлаш од една на друга, и баш ова префрлањето е тоа што те истоштува.

Некој ги живее вашите соништа

Чисто филозофска дилема, ако двајца работници 15 години не се појават на работа, а земаат плата, кој е крив? Работниците што 15 години не доаѓале на работа, или сите останати што 15 години не забележале дека овие не доаѓаат на работа, а земаат плата? Чисто правно двајцата се отпуштени.

Како сè умираат луѓе на работа

Дневно во САД во просек умираат 13 луѓе од повреди здобиени на работа. Во рок од 8 часа секој од овие случаи мора да биде пријавена до Департманот за труд. Според нив, во изминатите 40 години над 14.000 работници годишно загинуваат на работно место.

Цената на евтиното пилешко

Она што не го пишува на ниту една етикета на пилешко месо се некои клучни информации за условите во кои работат луѓето што помогнале месото да заврши во супермаркет или ресторан. На пример информација од типот дека работниците додека се во погон носат пелени.

Зошто никогаш ништо не завршуваме на работа

Мобилни телефони, меилови, подготовки за состаноци, состаноци, интернет, социјални мрежи, оговарања... Пред модерниот вработен денеска постојат многу пречки за постигнување на саканата продуктивност. Испаѓа, на рударите блазе си им.

Луѓето што уште чекаат плата од Лондон 2012.

Најмалку единаесет луѓе, што стјуарди, што членови на обезбедувањето, и по 4 години од завршувањето на Олимпијадата се уште се заглавени помеѓу "вас никогаш никој не ве вработил" и "ние ги исплативме сите пари за плати".

Отказ на денот

Дубробвчанец работел во канцеларија. Од 8 до 16 часот. Имал преку 900 евра плата. И дал отказ. Зошто? Досадно му било на работа.

Шпанците најдоа еден човек што не оди на работа, а зема плата

БиБиСи ја пренесува веста за Шпанец (комада - еден) вработен во јавно претпријатие кој последниве шест години зема плата без воопшто да се појави на работа.

Капитализмот сега бара од вас да бидете (малку) мрзливи

Ако сакате да бидете навистина посветени на својата работа и на неа да го дадете својот максимум, ќе треба да научите да бидете мрзливи. Така гласи последниот совет за зголемување на продуктивноста на работничката класа во западниот свет.

Никој не се пали на напорно работење

Официјалната верзија на секој работодавец е дека сака луѓе што напорно работат, проблемот е што постапките покажуваат дека сите се заљубени и попрво би избрале природен талент.