Се бараат легачи, хонорар - 16.000 евра

Има анегдота за една позната скопска мрза, кога татко му дошол дома, го видел овој стандардно оптегнат на кауч и му рекол: - Станувај, сум нашол работа баш ко за тебе. - Што? - прашал нашиов. - Умрел питонот во Зоолошка, па да лежиш наместо него. Е, ова уште боље.

Лежењето е „финалната граница“ за група француски научници кои сакаат да ја испитуваат микро-гравитацијата и во тоа име бараат хонорарци кои се спремни 60 дена да не мрднат од кревет.

Се бараат 24 лица, млади и здрави за чие жртвување за науката се спремни да дадат по 16.000 евра по човек.

Ќе ги испитуваат две недели пред и две после тој период за да утврдат какви промени врз организмот предизвикала таквата неактивност, со цел да симулираат услови на меѓународната вселенска станица. 

Астронаутите што подолго време престојуваат во бестежинска состојба сe соочуваат со сериозно губење на мускулна маса и густина на коските што кога ќе се вратаt на Земјата тешко им е и да се држат на нозе.

6 април 2017 - 12:23