По ова тие месото го набавуваат по повисока цена од домашни извори, а разликата во цена ја прават од платата на месарот кој доаѓа од сиромашниот крај на ЕУ: Полска, Бугарија или Романија. Не само што тие земаат помала плата од германскиот месар, гастарбајтерите не се ни директни вработени на кланицата / компанијата туку таму се преку посредничка компанија од истокот на Европа, "па германските фабрики не се чувствуваат одговорни кон вработените во тие компании".
Иако од 2014, странските работници успеваат да се изборат за минимална саатница од 8,75 евра, целиот бизнис е преполн со трикови и кривини. На пример, на гастарбајтерите во индустријата им се наплаќа услуга за острење ножеви, изнајмување работна облека, се "казнуваат" за лош работен учинок или им се краде на бројот на работни часови, што на крај од месец може да значи и минус од 200 евра.
Слично како во 90-те за стоката, есента 2015 се крена галама за правата на работниците во месната индустрија. По ова гигантите на индустријата попишуваат "доброволна обврска" за подобрување на условите за работа, која главно се сведува на тоа дека ќе се намали бројот на изнајмени работници од истокот на Европа и ќе се зголеми бројот на оние кои ќе работат по германски стандарди.