Во 90-те во Германија се крева сериозна галама откако се дознава за малтретирањето на стоката и условите во кои таа живее, пред да биде заклана. Мерките кои по ова се воведени го поскапуваат увозот на месо, меѓутоа Германецот спремен да плати за квалитет нема поплаки околу тоа. Тогаш месната индустрија прави пресврт - зошто ние да нè фатиме да произведуваме месо, а наместо месо ќе увезуваме касапи.