Министрите на ЕУ го поддржаа предлогот за ограничување на привремената заштита за украинските мажи на военоспособна возраст.
Согласно Директивата за привремена заштита, воведена по руската инвазија врз Украина во 2022 година, ЕУ им даде на Украинците дозволи за престој, пристап до пазарот на трудот и социјална помош.
Според Евростат, повеќе од 4,33 милиони луѓе кои избегале од Украина моментално имаат привремена заштита во ЕУ.
„Сите ограничувања треба да важат само за новодојдените кои бараат привремена заштита. Треба да им обезбедиме заштита на Украинците, но во исто време треба да се води војната и да се добие. За да се случи тоа, од суштинско значење е повеќе мажи да останат во Украина и да се борат“, изјави шведскиот министер за миграција, Јохан Форсел.
Измените на шемата треба да бидат официјално предложени од Европската комисија и да бидат одобрени од членките.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.