Илјадници жени од Исланд деновиве ги напуштаат работните места и одат на улица точно во два часот и 38 минути попладне. Затоа што ако се спореди со машките колеги и нивните плати, тоа е моментот кога жените почнуваат да работат за бадијала.
'Ако сме платени 18 проценти помалку од нив, тогаш ќе излегуваме од работа 18 проценти порано', гласи нивната логика која прелеана пред исландскиот парламент изгледа баш импреасивно:
Земјата не стои лошо во глобалните индекси за родова рамноправност и е 11 во светот по тоа прашање (вкупната разлика, во која платата е само еден од факторите таму е само 12 %), но истовремено тоа е земја во која жените одамна се свесни и организирани по ова прашање.
За првпат масовно (90% од сите вработени жени) имаат напуштено работа во 1975 година кога комплетно ја блокирале земјата оставајќи ги мажите очајно беспомошни во новонастанатата ситуација.
Состојбата со родовата еднаквост глобално се подобрува но со темпо кое не може да се оцени како задоволително. Со сегашниот ритам на намалувањето на разликите, на планетава ќе ѝ бидат потребни уште 170 години да постигне економска рамноправност меѓу мажите и жените.