- Авиокомпаниите веќе откажаа 13.000 летови закажани за овој месец и намалија 2 милиони седишта во патничките авиони, прилагодувајќи ги своите политики на недостигот на керозин поради блокадата на Ормускиот проток.
- Вкупниот број на достапни седишта кај сите авиокомпании ширум светот во текот на мај се намалил од 132 милиони на 130 милиони, според аналитичката група „Cirium“.
- На линиите каде што побарувачката е силна, авиокомпаниите ќе ги зголемат цените на билетите, а во поекстремни случаи целосно ќе ги откажуваат летовите на послабите линии.
- Германската „Луфтханза“ презеде досега најагресивни чекори во Европа, намалувајќи од летниот распоред вкупно 20.000 летови на кратки релации преку својата подружница CityLine.
- Некои помали компании, како EasyJet и Wizz Air, гарантираат дека нема да откажат летови до септември, затоа што имаат резерви гориво нарачано по фиксна цена.
- Експерти предупредуваат дека за време на летната туристичка сезона може да има уште поголеми нарушувања, со можни промени на термините и укинување на линии.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.