Со овој закон Италија би станала првата западна земја со официјално „менструално отсуство“ за вработени жени. Предложениот закон има и поддршка, меѓутоа има и критичари, вклучително меѓу жените, кои стравуваат дека ваквите правила само ќе го отежнат вработувањето на жени во земјата, која и онака има проблем со невработеноста.
Додека магазинот Мари Клер го опишува законот како „знаменосец на напредокот и општествената одржливост“, списанието Дона Модерна објавува дека законот би можел да има спротивен ефект „работодавците уште повеќе да преферираат мажи при вработувањето“.
И пред овој предлог, на хартија, Италија има закони што се наклонети кон жените. 5 месеци платено трудничко е задолжително и за работодавците и за вработената, што значи дека првите се должни да го дадат трудничко, а вторите не смеат да го одбијат. За време на овој период трудницата добива 80% од платата. По ова и двата родители имаат право на уште 6 месеци трудничко, период за кој добиваат 30% од својата плата.
Сличен ваков закон до сега е воведен во делови од Кина, Јапонија и Јужна Кореја.