Имајќи предвид дека на пример за 14 слободни места има 10.000 кандидати, главното чувство е дека за да ја добиеш работата "поважно е да имаш среќа отколку да бидеш стварно добар во тоа што го правиш".
Кандидатите треба да минат три или четири круга на тестови или интервјуа, а проценките се дека уште на првиот тест ќе паднат две-третини од кандидатите.
Освен сигурноста и бенефициите што ги имаат, големиот број на кандидати за државна работа се објаснува и со (за ЕУ) сериозната стапка на невработеност од 12%, која кај младите под 25 години изнесува речиси 40%.
Ситуацијата со тестовите за Вајард ја фотографира Мишел Борзони, и тој ги фаќа следните кадри: