Лево е Марта Рамос, чистачка во главното седиште на денешниот гигант Епл. Истата работа што Геил Еванс (десно) ја имала во просториите на некогашниот гигант Кодак.
Иако покарактеристично за позадолжениот дел на Унијата, во речиси цела Европа август е месецот на масовен тајм-аут во кој не можеш да завршиш речиси никаква работа, доколку истата не е поврзана со туристичко трошење пари.
Во пеколната конкуренција на Силициумската долина е ѓаволски тешко да те примат на некој оглас за компјутерџија. Епл реши да додаде нова сопка во процесот; да биде тешко и да го најдеш самиот оглас.
По почетната неколкугодишна еуфорија дека си вработен и дека имаш плата а не џепарац, може да те стрефат две реалности: или нервоза и стрес од одговорноста на позицијата што си ја достигнал, или нервоза и разочарување дека не си достигнал никаква позиција. И сето ова некако кулминира на 35 години.
Во биографијата Елон Маск: Тесла, Спејсикс и потрагата по фантастична иднина, авторката Ешли Ванс пишува за ситуацијата кога личната асистентка на Маск, Мери Бет Браун, побарала големо покачување на платата по 12 години работа за него.
Откако сојузната држава Вашингтон одлучува законски да ја зголеми минимална плата на 15 долари на час (од претходните 9,47), просечниот ниско платен работник е во минус по 125 долари месечно или околу 100 милиони долари помала заработувачка колективно.
Џејмс Дамор, инженерот на Гугл што го напиша 10-страни долгиот меморандум во кој удри по политиките за диверзитет на компанијата, е отпуштен заради "продолжување на родови стереотипи".
Анонимен инженер на Гугл напиша тирада од 10 страни против разноликост / диверзитет на работното место. Пред да се продолжи со муабетот од Гугл сакаат да знаете дека вработените на компанијата масовно го осудуваат тоа што тој го напишал. Токму ова “масовно” е и една од главните причини зошто човекот го напишал текстот.
Нам ни изгледа како дел од работничкиот рај што отсекогаш сме го посакувале, таму пак сè помасовно се доживува како непотребно губење време на работниците. Резултат, за некоја година и ние и тие во минато време ќе зборуваме за сиестата.
За да стигнеш да работиш во нечовечки услови од кои ќе љубомориш колку лесно проаѓаат рудари и железарци прво треба да најдеш човек што за пари ќе те внесе на таа работа.
Писанијата на Кјеркегор од пред стотина и кусур години, за феноменот на "зафатеност" се и тоа како релевантни во денешницата. Според него, луѓе кои се премногу зафатени всушност бегаат од "големите" животни теми и едноставно им е полесно да го пополнуваат своето време со задачи наместо да се соочат со онаа застрашувачка празнотија која секој човек ја има во себе.
На гигантските фабрики во кои се создаваат Ајфоните годината им проаѓа во две сезони со различно темпо на работа: кога е редовно производство и кога е фрка (нов модел или празници се ближат). А кога е фрка, не се пребира многу по квалификациите.
Еден од најдонкихотовски заблудени интернет цитати гласи "работи го она што го сакаш, и нема да работиш ниту ден во животот". И ако си работел повеќе од ден во животот, знаеш колку е ова наивно.
Од сите мерки што ги имаат на располагање, за да го намалат стресот на работа јапонските фирми (инаку глобален авторитет на тема стрес) ангажираат канцелариски животни, и тоа не по едно туку по неколку.
Нарекуван најголемиот бизнисмен во светот и најдобриот ЦЕО на својата генерација, Стив Џобс во исто време е познат и по 30-минутното дерење на цели оддели, понижување на персонал или опишување на своите вработени колку не ги бива.
Правото на гарантирани два слободни дена во текот на неделата кое пред околу стотина години беше изборено преку крвави штрајкови и судири со власта, во немерлив наплив на космичка иронија за само десетина години речиси доброволно беше предадено токму од генерацијата што ја има најсовршената технологија за заштеда на време.
Настинката е единствено нешто што луѓето го мразат повеќе од својата работа, а и покрај сè што е изменето и подобрено во работните услови во последните 150 години луѓето остануваат несреќни на работа.
Од овој текст ќе научиме две работи: што е медијана, и дека стажантите (најдолниот вид работници во кој било корпорациски ланец на исхрана) во Фејсбук се платени 8.000 долари месечно.
Кокошка ја нападна мајка ми и крава ми провали во домот, се само дел од најчудните изговори за недоаѓање на работа во САД. Скоро 30% од американските работници, инаку здрави прави, барем еднаш во годината не дошле на работа правдајќи се дека не им е добро.
Секој што во својот стаж има повеќе од 3-4 новогодишни прослави од работа, има сфатено дека целата мантра "биди позитивен и насмеан на работа" е само непотребно смарање. Едноставно, константна состојба на радост не е ничија природна позиција.
Текстот е напишан за американска публика, и на неа и порачува дека ОК е што толку се запнати да работат без усул, ама треба малку и да одморат и да се посветат на себе. За тукашната публика пораката од текстот оди во спротивен правец - тоа што Германците се кршат од работа не значи дека не знаат да одморат.
Работодавците обично сакаат да имаат лабави (неструктурирани) интервјуа за подобро да го запознаат кандидатот. Меѓутоа обично крајниот исход е формирање силна ама неоправдана импресија за кандидатот, "што најчесто повеќе зборува за нивниот карактер отколку на кандидатот".