Активистите што се грижат за условите на работа на "гробиштата за бродови" во Бангладеш проценуваат дека годишно на работно место умираат нешто повеќе од 10 работници (бројката е само за Читагонг).
Колебливоста во нивните тврдења е заради некои многу субјективни околности: отпадот за бродови е на затворен имот, ако некој умре, тие едноставно можат да го фрлат телото во море.
Работниците, комплетно се свесни каде влегуваат секој ден, само што за нив многу поголем проблем од безбедноста на работа е немањето пари за преживување. Решенијата на ваквата пат ситуација се од типот "секогаш пред да одам на работа ја молам мајка ми да ме благослови и да се моли за мене во џамија".
Тие продолжуваат со ваквиот работен ден и покрај тоа што имаат за прераскажување приказни како "сум гледал ужасни несреќи во кои им била смачкана главата на луѓе, или нивните екстремитети биле отсечени, па отсечените делови се изнесуваат во торби."
Од другите опасности при растурањето бродови е дека во секој момент нешто претерано тешко може да падне врз тебе, додека во исто време си во константна опасност да предизвикаш пожар со сечењето или да отсечеш некој дел од себе.
Само во Читагонг годишно пристигнуваат околу 200 бродови кои треба да се распарчат.