Ако сте од оние луѓе кои (дури и) гордо кукаат на својот набиен скеџуал а текстов го читате трчајќи од една до друга точка во вашата агенда, тогаш сте од оние кои ни филозофите не можеле да ги разберат:
Од сите бесмислени работи, најбесмислена ми е зафатеноста. Да се брза низ животот.... Се прашувам, овие зафатени луѓе, успеваат ли некогаш нешто да завршат?
Според Сорен Кјеркегор, дански филозоф кој живеел на почетокот на 19-от век, зафатеноста е начин на кој луѓето самите се отргнуваат себеси од вистинските прашања, оние чие поставување го одделува човекот од останатиот животински свет: кој си ти, што е животот, за што ти е даден, која е твојата цел...
Наспроти нив, зафатените луѓе постојано го пополнуваат своето време и наоѓаат работи кои треба да ги завршат, но на таа сметка остануваат без принципиелна водилка низ својот живот. „Кога сè е важно, ништо не е важно“, ќе напише Кјеркегор.
Тој длабоко верува дека без круцијалните животни прашања (кои можат да бидат застрашувачки), без промислување на својата мисија на светот (денес тоа го викаат карма, али главно како бич), животот проаѓа безмислено.
Кога одбираш начин на живот во кој имаш сè друго освен себе во него, не сакаш ни да бидеш свесен за тоа. Од тие причини одбираш да си зафатен, поентира Кјеркегор.
Според него, зафатените луѓе се постојано „на два ума“ а всушност никогаш не живеат во сегашноста бидејќи истата ја исполнуваат со задачи кои треба да ги доведат до некои цели зацртани за иднината.
„Несреќниот човек секогаш е оној човек кој е отсутен од себе“.
А не дека не може да се води активен живот без да се биде постојано зафатен. Според Кјекегор, религиозната љубов е „чиста акција“, бидејќи постојано те храни со сознанија за смислата на твоето постоење на овој свет.
На оваа тема, нашиот Кјеркегор: