Твојот Ајфон можеби е склопуван од рудар

На гигантските фабрики во кои се создаваат Ајфоните годината им проаѓа во две сезони со различно темпо на работа: кога е редовно производство и кога е фрка (нов модел или празници се ближат). А кога е фрка, не се пребира многу по квалификациите.

Не есен, пред празниците кои се поврзани со шопинг или кога е најавен нов модел на Ајфон, масивните кинески фабрики кои ги управуваат компании како Текскон драматично го зголемуваат производството за да ја задоволат очекуваната глад на светот.

Во  такви периоди, на Фокскон му требаат дополнителни работници па ги зема и од чудни места. Од државните рудници за јаглен, на пример.

Тогаш во тие места е паника: од фабриките ечат мегафони, по селата се лепат постери за потреба од работници па дури и регионалните власти одредуваат квоти за локалните заедници кој колку ангарија треба да даде за фабриките. Се разбира, работат за неколку долари дневно.

Огромен дел од регрутирањето се случува во градот Женгжу, кој го викаат и Ајфон град бидејќи во неговите фабрики, за Епл постојано работат минимум 250.000 работници.

„За време на минатогодишните есенски гужви, државните рудници им позајмија свои работници на фабриките а и властите на провинцијата одредуваа квоти колку работници треба да соберат локалните власти“, пишува репортажа за Вол стрит журнал.

Роботизацијата одамна се најавува но производството на Ајфоните сè уште е мануелна работа.

Во последниот квартал од 2016, Епл продаде 78,2 милиони Ајфони од што собра 54 милијарди долари. Речиси сите телефони се производени во Кина иако Трамп има кажано дека би сакал да види гигантска плантажа на Ајфони во САД. Само уште да им ги објасни на Американците оние неколку долари дневно.

 

5 јули 2017 - 17:13