Гугл го отпушти вработениот што се жалеше дека во Гугл нема разбирање за поинакво размислување

Џејмс Дамор, инженерот на Гугл што го напиша 10-страни долгиот меморандум во кој удри по политиките за диверзитет на компанијата, е отпуштен заради "продолжување на родови стереотипи".

Во понеделникот, ЦЕО-то на Гугл Сундар Пичаи испрати порака до сите вработени во која наведува дека делови од меморандумот "ги нарушуваат нашите правила на работење и ја преминуваат линијата со протежирање на штетни родови стереотипи на работното место". Во овој допис Пичаи не кажува дали компанијата ќе преземе мерки против авторот.

Новата потпретседателка на Гугл за разноликост, интегритет и владеење, Даниел Браун, исто така испрати порака до вработените со која ги осудува позициите на Дамор и ја повторува позицијата на компанијата околу диверзитетот.

Дамор во документот кој инстантно се рашири низ компанијата, го обвинува Гугл дека ги замолчува конзервативните политички мислења и тврди дека биолошките разлики играат значителна улога во помалиот број жени во технолошката индустрија и раководните позиции. Дамор текстот го објави пред почетокот на викендот.

Меморандумот и дебатата околу него се случува во време кога американскиот департман за труд поднесе тужба против Гугл во која се тврди дека "компанијата систематски дискриминира против жени." Моментално 69% од вкупната работна сила на Гугл, и 80% од техничкиот персонал се мажи.

Темата околу идеолошката наклонетост на Гугл била дел од состанокот на акционерите во јуни годинава, кога еден од акционерите на Алфабет ги прашува извршните директори дали конзервативците би требало да се чувствуваат добредојдени во компанијата. Од бордот изјавиле дека нема зошто некој да не се чувствува добредојден.

------

За документот пишувавме тука

8 август 2017 - 10:58