Музика

Како Нирвана смени еден живот

Иако неволно, дечково учествувал во немирите во ЛА пред 25 години. Крадејќи во продавница, ненамерно џапнал и ЦД од Нирвана, за кои немал појма ни кои се. Мирисот на тинејџерскиот дух му го променил животот. 

Бананата

Лу Рид, Џон Кејл, Морин Такер, Стерлинг Морисон и со нив ледената германска божица Нико: монументални распади кои одат, наркофилски ѕверови, декадентни трубадури, велеградски шљам, провинцијалци и фолиранти на кои случајно им паднало да бидат генијални, блазирани, одвнатре размонтирани протопсихопанк пролетери: и ете три четврт саат со најразулавената, највалканата, најопасната и најнежната музика која дотогаш е снимена на планетата.

Новиот басист на Корн има 12 години

Реџиналд „Филди“ Арвизу, стандардниот басист на легендарната група не можел да стигне на закажаната јужнамериканска турнеја. За среќа, нашле замена. А и некој во Металика ќе знае дека син му е на прав пат.

Џони, би гуд

Бидејќи ние за некои луѓе не пишуваме само кога ќе умрат, ќе повториме што напишавме за него кога беше жив: „Чак Бери е човекот од кого почна сè, ама апсолутно сè од она што денес го знаеме како рокенрол музика и нејзините мал милион деривати. А токму рифовите од неговата Johnny B. Goode сe оние кои ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси.

30 години подоцна, сè уште е подобро да издадеш плоча отколку пријател

Пред точно 30 години, на 22 февруари 1987 година, КУД Идијоти завршија со снимање на своето прво дискографско издание, шест години после формирањето на бендот.

50 години интервјуирање на Дилан

Судени се и по името. Тие се „Rolling Stone“, тој е „Like a Rolling Stone“. И така едно половина век. Импресивен јубилеј за дружењето на два темелни камења на рок-музиката.

Како Спрингстин го истрола Трамп

Не само што со резигнација одби да свири на инаугурацијата на Трамп кој подоцна не успеа да обезбеди ни некој да му свири преработки од Спрингстин, Газдата на Обама од ќеиф му приредил концерт, и тоа во Белата куќа.

50 години од The Doors

На 4 јануари 1967 година Дорс го објавуваат својот деби албум, именуван едноставно како и групата. Немаа баш многу среќа тие сo имиња, инаку како би се викале The Doors? Замислете го Морисон - најкреативниот меѓу нив - како еден ден им доаѓа и им вика: - Смислив име за групата! - Како? - Ќе се викаме Вратите! - Алал вера бе Џиме, како ти текнува!

Приказната за најубавата божиќна песна на сите времиња

Колку и смртта да нè прави попустливи, за нас најубавата не е онаа од Џорџ Мајкл. Ова е приказната зад неповторливо тажната "Њујоршка бајка" на Поугс. Антидот на вообичаените празнични тралалајки, химна за оние со скршени соништа и неисполнети копнежи, која комбинира разуздана музика со заебани и мрачни стихови. А таквите највеќе ги сакаме.

Осумте песни на Спрингстин за на пуст остров

Да можевме ќе го викневме да ни биде ди-џеј на неделата. Ама па и вака не е лошо. За да може да го ислушаме неговиот избор на раат сега ни фали само пуст остров.

Почина Џорџ Мајкл

На 53-годишна возраст во својот дом почина пејачот Џорџ Мајкл, ја пренесува Би-би-си изјавата на неговиот публицист.

А кај да делам?

Кога и Логин и Васко ќе ти го пуштат во ист ден, јасно ти е дека ќе имаш порив да го споделиш понатаму. Зденко Фрањиќ, денеска е Лутајучи Диџеј Здена а зад него се Слушај најгласније, Мајке, Хали Гали Халид, Сатан Панонси.... Има нов албум, со вкупно две песни.

Франц Лист, првата рокенрол ѕвезда

Човекот кој е роден пред точно 200 години имал можност прв да го осети она што подоцна ќе стане рокенрол клише: згрозени авторитети, збудалена публика и жени кои му дофрлуваат парчиња своја облека на сцена.

Боно на листата за Жена на годината

Гламур магазинот одлучи да го додаде Боно на својата листа на Жена на годината, одлука за која што главната уредничка на магазинот, Синди Леив, вели дека размислувале и разговарале веќе неколку години.

Дали Imagine на Ленон е најлошата песна на сите времиња?

Не е до песната, до претерувањето е. Евергринот на Џон Ленон ја трпи истата судбина на "Македонско девојче," кога ќе ти ја отсвират во Бугарија или Србија за да ти направат мерак, а ти таа песна не ја можеш баш заради тоа.

31 година како никогаш не се плашиме

Точно пред 31 година на белградска Маракана пред 20.000 луѓе се одржа концерт со кој Југославија се придружи на хуманитарната акција „Live Aid“ на Боб Гелдоф, со која се собираа пари за гладните од Етиопија.

Запознајте се со хрватскиот панк бенд „Срби“

Кога Британците од Крас во 1978 година го прогласија панкот за мртов, беше тоа израз на револт поради комерцијализацијата на оваа супкултура и нејзино претворање во уште еден производ за консумеристичкото општество. Но бидете реални, има ли нешто попанкерско од хрватски бенд што се вика Срби?

Стриминг војната тече забрзано

Меѓи големите сервиси за аудио стриминг се води жестока битка за потпишување договори со музички ексклузивци. И човек пак не може да најде едно место на кое ќе може да слушне што сака. Капитализам. 

Брат брата не рани, тешко оној кој го има

Лијам Галагер во интервју го повика својот брат Ноел, со кого се скарани до коска, повторно да го оживеат бендот Оезис, за атер на фановите. Во истото интервју, истиот тој Лијам прописно му се насра на истиот тој брат.

Хепи брдеј, индид

Со 4 и нешто милиони долари, судот великодушно ги награди адвокатите што се изборија најпопуларната роденденска песна да биде слободна за пеење без страв дека некој може да тужи за авторски права.

Химна на денот: Порторико

Благодарејќи на златниот олимписки медал на тенисерката Моника Пуиг, имавме прилика да ја чуеме химната на Порторико. Химните знаат да бидат помпезни, воинствени или моќни. Нашата е породилна (иако сонцето на слободата никако да се породи). Порториканскава е чиста лирика.

На денешен ден не умре Елвис Присли

Да, попрецизно е Пресли наместо Присли ама така го имаме завикано. И да, попрецизно е да се каже дека на денешен во 1977 година Кралот умре, на 42 годишна возраст. Само што не ни се верува. 

Клептон едвај свири гитара

Заради невролошки проблеми, 71 годишниот Ерик Клептон води вистинска битка со себе секогаш кога зема гитара в раце. Но, јасно му е дека на толку дроги и алкохол во животот, добро е што е жив.

Зошто никој нема да ги памти Џон Ленон или Квин за 50 години

Теоријата е на Чак Клостерман, човек кој направи кариера од пишување за рок музика (и останати теми од поп културата), и според неа рокот ќе биде запаметен само преку еден единствен лик: Чак Бери.