Меѓи големите сервиси за аудио стриминг се води жестока битка за потпишување договори со музички ексклузивци. И човек пак не може да најде едно место на кое ќе може да слушне што сака. Капитализам.
Лијам Галагер во интервју го повика својот брат Ноел, со кого се скарани до коска, повторно да го оживеат бендот Оезис, за атер на фановите. Во истото интервју, истиот тој Лијам прописно му се насра на истиот тој брат.
Со 4 и нешто милиони долари, судот великодушно ги награди адвокатите што се изборија најпопуларната роденденска песна да биде слободна за пеење без страв дека некој може да тужи за авторски права.
Благодарејќи на златниот олимписки медал на тенисерката Моника Пуиг, имавме прилика да ја чуеме химната на Порторико. Химните знаат да бидат помпезни, воинствени или моќни. Нашата е породилна (иако сонцето на слободата никако да се породи). Порториканскава е чиста лирика.
Да, попрецизно е Пресли наместо Присли ама така го имаме завикано. И да, попрецизно е да се каже дека на денешен во 1977 година Кралот умре, на 42 годишна возраст. Само што не ни се верува.
Заради невролошки проблеми, 71 годишниот Ерик Клептон води вистинска битка со себе секогаш кога зема гитара в раце. Но, јасно му е дека на толку дроги и алкохол во животот, добро е што е жив.
Теоријата е на Чак Клостерман, човек кој направи кариера од пишување за рок музика (и останати теми од поп културата), и според неа рокот ќе биде запаметен само преку еден единствен лик: Чак Бери.
Два големи француски рок фестивали ги шутнаа Илгс оф дед метал од својот распоред, откако фронтменот на бендот пред некое време повторно се отвори околу случувањата за време на масакрот во Париз.
Сите членови на Рејџ Агенст Д Машин освен Зак де ла Роча, плус Чак Ди од Паблик Енеми и Би-Риал од Сајпрес Хил, се собираат и формираат нова супергрупа.
За генерациите растени на Азра, Шарло или Булдожер, музиката на Јадранка Стојаковиќ повлекуваше едно прашање: "Како можат луѓе ова да слушаат?" Пар децении подоцна, истите генерации почнаа да се прашуваат: "Како можевме да бидеме толку глуви за ова на времето?" Јадранка Стојаковиќ почина на 66 години од животот во старечки дом во Босна.
Пичфорк пренесува дека твитовите и Фејсбук постовите на бендот почнаа да исчезнуваат од интернет, исто како и нивните профилни слики и содржините од нивната веб-страна.
ЕјБиСи њуз објавува дека во само што отворениот сеф на Принс било откриено доволно музика за да се објавува нов албум секоја година во следните 100 години.
Кога бизнисот со аудио касети почнува да пропаѓа заради помодерните компакт дискови, компанија од Спрингфилд за бадијала изнакупува еден тон машинерија и чека да се врати нивното време. Тоа никогаш нема да се врати како некогаш, но овие сега живеат ко цареви.
Кога некој драг неочекувано ќе замине па ќе бараш и ќе голташ сè во врска со него, потсвесно сакајќи да ја пополниш дупката што ти ја направил. Е па, Принц.
Пејачот на Ху му се сосипа на новото кадровско решение на AC/DC за местото самостоен раководител на микрофонот. Не толку заради новиот вокалист туку заради односот на бендот кон својот доскорешен член.
Музичкиот аристократ Принц почина на 57 годишна возраст. Последниве денови се бореше со компликации од грип, а бил најден мртов во неговата резиденција и студио надвор од неговиот роден Минеаполис.
На прошталниот натпревар на Коби Брајант за НБА, честа да ја отсвири националната химна му се падна на басистот на Ред Хот Чили Пеперс. Фли го направи тоа на начин кој на многумина не им се бендиса. Одговорот му беше: "Не ми е гајле, човече, мислам дека растурив".
Ако сè уште ве држи музичката љубопитност ама понекогаш не знаете што да барате и од кај да почнете (Јутјуб е ужасен за тоа во последно време), еве еден добар предлог: по држави и по децении.
Во време кога градот им се распаѓа, улиците се полни со ѓубре и криминал а на младите им се нуди радосна забава и безгрижност, четворица маалски ајвани на кратко излегуваат од задимениот CBGB и влегуваат во студио. Таму нема да се задржат долго ама ќе траат до денес, иако сите од нив веќе се одјавија.
Споредбата на популарноста на музиката некогаш и музиката денес се чини невозможна затоа што порано таа се продаваше во физички облик (плочи, касети, цд-а) а денеска таа се стримува. Но, можеби може нешто да се добие со споредба на двата параметри.
Мирослав Илиќ веројатно би му рекол дека му е слаб трилерот, Босанац остромно би приметил дека кандидатот не е од Живинице, Карлеуша би му плеснала дека никогаш од него нема ѕвезда да бидне дур така просто се облекува, а Цеца стручно би заклучила дека сепак дечкото е добар "у доњим лагама".