Стриминг војната тече забрзано

Меѓи големите сервиси за аудио стриминг се води жестока битка за потпишување договори со музички ексклузивци. И човек пак не може да најде едно место на кое ќе може да слушне што сака. Капитализам. 

Голем дел фанови на Френк Оушен беа искрено разочарани кога сфатија дека после 4 години чекање на неговиот пост-гремиевски албум, него можат да го слушнат само на Епл Мјузик.

"Сакаш да ми кажеш дека треба да се откачам од Тajдал ако сакам да го чујам тоа? Френк, немам баш јас толку време за тебе", твитна некој од таквите.

Ова е само последна епизода од агресивната војна меѓу сервисите за стриминг која се води изминативе 18 месеци за да се издвојат од конкуренцијата на овој сè поконкурентен и побеспоштеден пазар.

Како најагилни во војната се покажуваат Епл Мјузик изграден врз Битс кој беше купен за 3 милијарди долари и Тајдал (Tidal) на Џеј Зи. Оушн, Дрејк и Тејлор Свифт ги уловија Епл а Џеј Зи ги локуваше Бијонсе, Принц и Кање Вест.

"Така е кога една дланка ѕвезди прават половина од сите пари кои ги прави музиката. Нив ќе ги поседува дланка големи извршни директори на технолошки гиганти", резимира еден поранешен директор во Сони.

Од своја страна, Спотифај во последно време изгледа решава да ги казни артистите кои потпишуваат ексклузивни договори така што ги закопува во длабочините и ги прави потешки за наоѓање кај нив.

А главен двигател на целата битка е сознанието дека војната се води главно околу содржината, нешто што долго време никако да го сфатеа неколку аналогни (и своевремено битни) глави во некои домашни телеком оператори.

"Една од најбитните причини заради кои се купува Ајфон, Андроид телефон или звучник од Амазон е музиката. Во овој момент, гигантите меѓу себе се пресметуваат со содржината која ја поседуваат а не со перформансите на нивните уреди," вели еден инвеститор и поранешен извршен на еМјузик.

 А бидејќи цената на сите стриминг сервиси е речиси иста (околу 9,99 долари месечно), им останува стратегијата да ја базираат на тоа колку битни ексклузивци ќе имаат во својата стриминг ергела.

31 август 2016 - 20:01