Мртов е, ама мрда

Запознајте се со хрватскиот панк бенд „Срби“

Кога Британците од Крас во 1978 година го прогласија панкот за мртов, беше тоа израз на револт поради комерцијализацијата на оваа супкултура и нејзино претворање во уште еден производ за консумеристичкото општество. Но бидете реални, има ли нешто попанкерско од хрватски бенд што се вика Срби?

Шибаат панк класика: луто, брзо, три рифа, стихови со хумор и сарказам. Срби пикаат прст (три прста!) во око на сите оние на кои треба да им се пикне прст во око.

Три цури стојат зад овој бенд: Надја, Миу и Соња. Стоп, малку за Соња: некои можеби ја знаат од еден друг бенд (Абергаз), но таму е со друго име и друг пол. Таму е машко и се вика Давор „Њец“ Храњец.

Албумот им се вика Рај, изгледа вака:
 

 

А звучи овака:

- Што е денес провокативно?

- Вистината, одговара Соња во едно интервју.

13 септември 2016 - 09:36