Музика

Почина Vanity на Принц

Венити беше една од оние девојки кои под својот чадор привремено ги собираше Принц. Како млада беше фанки и секси, подоцна се каеше заради дивата младост. Почина откако не успеа да собере доволно пари за лекување.

Како ги добиле имињата познатите екс-ју групи

Има и банални и будалести причини во текстот кој ни е само алиби да послушаме и ви нафрлиме неколку добри песни.

Улогата на Мадона во хитот кој нема врска со неа

Правиш песна, имаш среќа таа да ти се погоди и да стане вирален хит од кој после доживотно земаш тон пари. Фина е таа приказна, но ние имаме приказна за следниот пат кога ќе зборувате како Мадона веќе не е во игра и како ја прегазило времето.

Петиција на која не може да има доволно потписи

Канје Вест, човекот жанр сам по себе, одлучи својата болка за заминувањето на Боуви да ја искаже на најдобар можен начин на кој тоа го знае - да издаде албум со препеви на песните на Боуви. Илјадници луѓе од сите краеви на планетава се кренаа на нозе да го замолат Канје никогаш да не го направи ова.

Ролинс го извади Морисеј од својата "листа за убивање'

Своевремено викаше дека би снимил албум со звуци на Морисеј додека гори. Денес мисли дека светов е сепак подобро место со Морисеј во него. 

Зиги се врати меѓу ѕвездите

Како се пишува вест кога ќе умре некој како Дејвид Боуви? "Роден во работничко семејство во источен Лондон... љубовта кон музиката ја открива во раната младост... долго време жиивее и твори...посмртните останки ќе бидат изложени..."?

Леми се одјави

Последната битка на Иан Фрејзер Леми Килмистер беше баш онаква каква што беше една песна на Моторхед -  кратка и жестока. За жал, и безмилосна. Напијте се Џек Даниелс во негово име.    

Неискористената бондовска песна на Рејдиохед

Како божиќен подарок за фановите кои ново од нив не чуле со години, Рејдиохед реши да објави песна која ја пишувале за последниот Џемс Бонд, ама, не е употребена во филмот.

Греми 2016-та, номинации

Номинациите ги објави Алиша Кијс, а наградите ќе се емитуваат во понеделник 15-ти февруари 2016.

Светско а ваше

Горан Керкез е музичка реинкаранација на човекот кој повеќе го познавате како Горан Кан. Има нов албум, комплетно различен од неговото досегашно аудио досие. Седумте парчиња од албумот The Тale звучат светски а ако сте фино наштимани за уживање и примање слики, можат да станат многу ваши. Отворете уши и влезете во филмот на Горан...

Вили Нелсон им отпеа лекција на политичарите

На единствениот човек кој има запалено џоинт во Белата куќа му се може. Пред преполна сала американски политичари кои деновиве најмногу се занимaваат со темата за сириските бегалци, Вили Нелсон отпеа "има место за сите во Америка".

РИП Филти

На 61 година почина Филти Енимал Тејлор, бубњарот на Моторхед од златните времиња на бендот. Дечкото со својот дупли бас на Оверкил се рачуна за татко на трешот.

How Does it Feel?

Аудио сторија на NPR за тоа како во њујоршкото студио на Колумбија рекордс е раѓана можеби најбитната песна на Боб Дилан, Like a Rolling Stone, онаа негова неповторлива анти-бајка со горчини во текстот и пекмез во органата.

И Стив Вај има свој музички херој

Гитарскиот монструм има свој омилен музичар без чија музика не тргнува никаде на пат. Неговиот идол не е некој гитарски виртуоз. Не е дури ни човек кому гитарата му е основен инструмент. Џабе гаѓате.

Јас бев убиен кога имав 27 години

Иако е сосема жив и здрав и сè уште прави музика, човекот кој го познавате како Теренс Трент Д'Арби тврди дека во музичка смисла бил оставен да живее само онолку колку што живееја Џим Морисон, Џенис Џоплин и Курт Кобеин.

Кит Ричардс рецензира музика

Медицинското чудо од Ролинг Стоунс деновиве го промовира неговиот нов соло албум Crosseyed Heart. Како што е редот, ова значи дека ќе треба да испочитува и неколку новинари и да им одговара на прашања. Чисто за перспектива, одговориве се на 71-годишен човек.

Том Вејтс напиша поема за Кит Ричардс

Се знаат тие и си го имаат поштовањето одамна. Соработуваат од 85-та, од албумот na Том Вејтс Rain Dogs, а Ричардс го имаше и на Bad as me пред 4 години. Вејтс има признато дека само со Ричардс не може да пие бидејќи Авенџерот од Стоунси е просто ненадјебив на тема отпорност кон труење. За специјалното издание на магазинот Ролинг Стоун насловено "Кит Ричардс; водич низ неговата музика и легенда", Вејтс напиша поема за својот пријател и соборец.

За мозокот на тапанарите

Ова на неколкумина тапанари кои ги познаваме ќе им се допадне: нивните мозоци не само што се различни од оние на повеќето од нас, туку тие се и (туш!) - подобри.

Принс отсвири повлекување

Лапајте наоколу музика од Принс додека ја има. Човекот сериозно почна да ги повлекува своите песни од веб.

Плејлистата на Обама

По зборовите на луѓето од магазинот Пичфорк, тешко дека во скоро време Америка ќе избере уште еден претседател чиј културолошки компас е толку свеж и младешки како оној на Обама.

Дејвид Боуви и Фреди Меркјури на голо

Приказната за тоа како е снимена песната Under Pressure и како автентично звучат изолираните вокали на Боуви и Меркјури, соголени од инструменталниот дел.

Ако Кобејн е гениј, зошто Вајнхаус е проблематична?

Деновиве излезе документарец за Кобејн и документарец за Вајнхаус. На хартија и двајцата се жртви на депресија надополнета со слава и наркотици, на филм Кобејн е претставен како човек во кој публиката верува и сака да успее, Вајнхаус (со истите проблеми) е исмевана и клеветена за своето однесување.

Бесрамното рекламирање брендови среде песни

Новото „продакт плејсмент", или прикриеното рекламирање кое до сега (не) го забележувавме по филмовите и сериите, сега се состои во вметнување на име или асоцијација на бренд во поп песни од познати изведувачи. Уште побетер: тие ретроактивно се вметнуваат и во постари видеа.