Неискористената бондовска песна на Рејдиохед

Како божиќен подарок за фановите кои ново од нив не чуле со години, Рејдиохед реши да објави песна која ја пишувале за последниот Џемс Бонд, ама, не е употребена во филмот.

Продуцентите на Спектра им нарачале песна, тие песната ја направиле но подоцна надлежните очигледо решиле да не влезе во филмот.

Сега Рејдиохед ја пуштаат песната, прво нешто ново од нив по албумот The King of Limbs од пред речиси 5 години.

Фина балада е тоа, можеле бондовци да ѝ најдат место. 

 Рејдиохед работат на нов албум но според познавачите, ќе го квачат минимум до следната година ова време.

26 декември 2015 - 17:04