Хенри Ролинс е неуморна и секогаш забавна вилица за слушање. Во поново време беше наапан од Доналд Трамп и Хилари Клинтон а на магазинот Ролинг стоун им плесна дека ич не му се допаѓа музиката за која пишуваат.
Такво е и неговото скорешно интервју за Гардијан. Меѓу муабетите за пингвини ("Тие серат заедно дур стојат заедно... истото она што го прават и оние во Конгресот"), фосилот кој го доби неговото име, депресијата и омразата кон Монсанто, стариот панкер ја спомна и својата некогашна "листа за отстрел", личен список на познати луѓе кои тој радо би ги потепал.
На неа своевремено лидерот на Смитс котираше високо и Ролинс мечтаеше да направи албум со криците на Морисеј кои ги испушти додека гори на клада.
"Стариот добар Морисеј не е веќе на листата, мислам дека овој свет е сепак подобро место додека е Морисеј на него," рече Ролинс кој денес смета дека Морисеј е интелигентен човек со добар вкус за музика.
Но, листата останува и тој навистина со ќеиф би гледал како некои познати фаци горат до смрт. Овојпат не спомнуваше имиња но објасни дека не секој од неговите фаворити мора да биде спржен туку дека кај некои ќе биде доволно и да им се импутира некој дел од телото.
**********************
Едно старо (1998) стенд-ап парче на Ролинс во кој објаснува зошто феноменот Ел Нињо треба да се вика "The first four Black Sabbath albums":
Ролинс и Блек флег, 1984: