"The Star-Spangled Banner" Фли ја отсвири како што би ја отсвирил Хендрикс, кога би бил накурчен како Која од Дисциплина. Со дисторзии, со вах-вах, јако.
"Јас знам дека на луѓе кои сакаат музика им се бендиса. Навистина ич не ми е гајле за ситните умови кои се фрустрираат кога некој ќе ги оддува. Јас сакам големи умови," рече Фли кому му замерија и што не ја симнал капата додека ја свирел химната.
Ако во целата приказна има нешто неподелено, тоа е почитта на Фли кон Коби Брајант.
"Јас него го гледам како Чарли Паркер, како Колтрејн, Џими Пејџ или Џими Хендрикс. Коби знаеше да се смени, да еволуира, да расте и да стане вистински маестро на својот занает. Беше задоволство да се гледа како расте бидејќи тој на Лејкерси им се придружи кога имаше 17 години и има толку многу направено за нашиот град."
Еве како звучи химната на САД на 4-те жици на басистот на Ред Хот.