Благодарејќи на радијацијата и упорноста на српско-регионалните формати за пејачки таленти, полека се навикнавме да слушаме не авторска туку интерпретаторска музика. Ѕвезди на Пинк, на Гранд, па има за мали ѕвезди кои допрва ќе сјајат па има за постари ѕвезди во гасење, уште за глувонеми ѕвезди фали и пасент.
А профилот на луѓето во жиријата наметнува едно униформно баждарење на јавниот вкус, по кое за една интерпретација најважни се вибратото и трилерите.
Оној од Мрчаевци и на Фреди Мерјкури би му рекол дека можел малку поубаво да ја "украси" Боемска рапсодија.
And now, something completely different:
Том Вејтс во 2006-та го издаде тројниот албум Orphans: Brawlers, Bawlers & Bastards. 56 стари снимки или необјавени верзии на негови песни. Убавини распослани во сите три ЦД-а, а вториот е комплетно бонбона.
Но, и троен албум не собра сè. Таму недостасуваат живи свирки и преработки на други песни кои Вејтс ги има правено доста во животот. Од Џемс Браун ("Кога првпат го слушнав Браун ко да бутнав прст во штекер"), преку Морисон или Гершвин, па сè до Елвис.
Тоа го сторија неговите фанови правејќи компилација од ваквите кавери, штосно наречена Forgotten Orphans.
За слушање и даунлод, повелете:
* Friday’s Blues (Ray Bierl cover, live at Folk Arts Rare Records 11-16-1973)
* I Like To Sleep Late In The Morning (David Blue cover, live at Folk Arts Rare Records 11-16-1973)
* Spanish Is The Loving Tongue (Charles Badger Clark/Billy Simon cover, live in San Diego 1-1-1974)
* Good Night Loving Trail (Bruce “Utah” Phillips cover, live in Denver 10-08-1974)
* Saturday Night Fish Fry (Louis Jordan cover, live in Santa Barbara 2-13-1975)
* Standing on the Corner (The Four Lads cover, live in Cleveland 8-25-197?)
* Cupid (Sam Cooke cover, live in Westchester 10-02-1976)
* Summertime (George Gershwin, live in Osaka 03-??-1978)
* Gee Baby, Ain’t I Good To You (Andy Razaf and Don Redman, Seattle 10-07-1978)
* I Feel Good (James Brown cover, live in Toronto 10-19-1979)
* Tom Waits and Elvis Costello – I Forgot More Then You’ll Ever Know (The Davis Sisters cover, live in Los Angeles 10-04-1986)
* Papa’s Got A Brand New Bag (James Brown cover, Toronto 10-07-1987)
* Mack The Knife (Kurt Weill/Bertholt Brecht cover, live in Berlin 12-08-1987)
* Take It As It Comes (The Doors cover, live in Los Angeles 12-31-1988)
* Pennies From Heaven (Arthur Johnston and Johnny Burke cover, Los Angeles 12-31-1988)
* Dirty Old Town (Ewan MacColl cover, live in Los Angeles 12-31-1988)
* Hound Dog (Big Mama Thornton / Elvis cover, live in Los Angeles 12-31-1988)
* Fever (Little Willie John cover, live in Healdsburg 11-08-1996)
* Ramblin’ Man (Hank Williams cover, live in Cleveland 08-13-2006)
* Fortune Has Its Cookies To Give Out (Lawrence Ferlinghetti cover, live in San Francisco 10-02-2010)
* Од денешнава музика Том Вејтс ги поштуе Примус, Давид Хидалго (Лос Лобос), Елвис Костело. Сите слаби со трилери.