Тимот адвокати што помогнаа „Happy Birthday“ да биде јавна сопственост ќе бидат наградени со хонорар од 4,6 милиони долари. Така реши судот по долгата и комплицирана судска постапка околу нејзините авторски права.
Сумата ќе биде издвоена од вкупно 14-те милиони долари што ќе треба да ги плати музичкиот издавач Ворнер/Чапел, кој досега тврдеше дека полага права на таа песна, па ги наплаќаше наоколу.
Самиот судски процес го покрена еден филмаџија, кој правејќи документарец за потеклото на песната, од Ворнер/Чапел добил барање да плати 1.500 долари за нејзино користење во филмот.
Инаку, Ворнер/Чапел наводно ја имале заштитено песната уште во 1935 година, иако екипата правници докажаа дека таа песна била вклучена во песнарките уште во 20-тите години на минатиот век.
Адвокатите, кои конечно ја ослободија песната од лихварските вртлози, на случајот му имале посветено и по 2.000 работни часа. Планираат да се зафатат со ослободување и на други песни што би требало да бидат слободни за користење, а над кои сè уште демнат некакви дубиозни сопственици.
Една од нив е и оваа на Вуди Гатри: