Rock en Seine и Le Festival Cabaret Vert го откажаа настапот на бендот заради коментарите на Џеси Хјуџс, кој освен за обезбедувањето на Батаклан коментираше и за муслиманите и како забраната за носење оружје во Франција е една од главните околности кои придонеле за масакрот.
"Бидејќи комплетно не се согласуваме со неодамнешните обвинувања на Џеси Хјуџс дадени во едно неодамнешно интервју за американските медиуми, решивме да го откажеме настапот на бендот," објавија двата фестивали на своите веб-страни.
Мината недела Хјуџз за дигиталниот магазин Такис распали против муслиманите, алудирајќи дека политички коректниот "либерален менталитет" довел до крвопроливање.
Според него постои поголема завера меѓу француските муслимани, што го објасни со неговото искуство кога тој видел "муслимани како слават на улиците за време на нападот. Ова го видов со свои очи. Во живо. Од каде знаеја дека тоа се случува? Мора да имале некаква координација."
Пред неколку месеци Хјуџс за масакрот во Батаклан го сомничеше обезбедувањето на објектот дека било вклучено во подготовката на нападот. Подоцна тој се извини за ова и ја повлече својата изјава. Во извинувањето се вадеше дека "лошо избраните зборови потекнуваат од неговата траума од настанот."