Студијата била изведена од луѓе во МекМастер Универзитетот во Торонто и имала за цел за ја утврди важноста на информациите со ниска фреквентност кај оние што слушаат музика.
Музиката е полифонична река од тонови од целиот аудио спектар. Најважните мелодиски информации се носени од високите тонови (вокалот, гитарата) а највиталните ритмички информации се вгнездени во најниските тонови, тоест басот.
На учесниците во студијата им биле шарани различни фреквенции истовремено, со тоа што некогаш им правеле фалш на високите а некогаш на ниските тонови. Утврдиле дека слушателите многу полесно откриваат кога нешто не штима кај басот, најчесто кога тој е надвор од ритам, отколку што се нешто педантни околу високите фреквенции.
Има нешто во организмот што многу полесно ги детектира ниските фреквенции, што го објаснува и фактот дека има повеќе шанси телото несвесно да почне да ви мрда на добар фанк бас отколку на почеток на гитарско соло.
****
Види и:
За мозокот на тапанарите