Откако првите 90 дена ги почна со 40 милиони долари загуба, по година ипол постоење Руперт Мурдок го затвора The Daily, весникот направен исклучиво за Ајпад таблетот. The Daily беше обид на Мурдок да докаже дека може да се живее од претплата за вести.
Заборавете на хомофобија и етничко чистење. Во желбата да се биде неутрален, Асошиетед прес подготвува прирачник во кој на своите новинари им забранува употреба на вакви "етикети".
За првите 6 месеци од годинава, сите весници и списанија во САД заработиле 19,2 милијарди долари од реклами. Истовремено, по иста основа, Гугл сам заработил 20,8 милијарди долари.
Вест објавена во британски Телеграф пред повеќе од еден месец останува на сајтот со наслов кој е до толку неточен, што БиБиСи објави вест за неа во која ја прогласи "за статија со најнеточен наслов на сите времиња."
Септемврискиот број на Вог е толку легендарен што се сними документарец за изданието од септември 2007-ма кое имаше 840 страни, од кои 727 беа со реклами. Изданието за септември 2012-та, има 916 страни.
На Рене Реџепи (по татко Албанец од Македонија) чиј ресторан "Noma" во Копенхаген е прогласен за најдобaр ресторан на светот за 2012-та година не му е туѓо да се појавува на насловни страници на светски познати магазини од калиброт на Тајм. Извонредно креативно решение е неговата насловна за магазинот Clase Premier, каде Реџепи е портретиран со помош на неговото најсилно оружје - храната. По објавувањето на насловната, Рене твитна: Келнер, имам ракче во окото :)
Претседателот на спортската групација на ЕнБиСи, објави дека телевизијата некако не успеала да направи профит од Олимпијадата. Се на се, тие се на нула.
Напнати од драконски строгите правила за рекламирање наметнати од МОК, британски веб сајт започна "Fauxolympics" конкурс за најдобра не одобрена реклама на Олимпијадата.
Никој не вика дека треба да се кине дипломата или дека е време за депресија, ама дечкото што е комплетен морон на Jersey Shore, годинава направи еден тон пари.
Доколку примерот на Њујорк Тајмс стане парадигма во светот на новинското издаваштво (вклучувајќи го и електронското), тогаш има добра вест за редакциите и не баш толку добра за читателите. Првите ќе зависат од своите читатели а не од адвертајзерите. Вторите ќе мора да се навикнат на претплата.
Дали тоа времето стварно не чини или таквото чувство ни го создаваат телевизиските метео прогнозери кои изгледаат одушевени кога имаат повод да најават лошо време.
BBC ја обелодени листата на своите најплатени ликови и на прво место е авторот на глобално популарното авто-мото шоу Top Gear. 52 годишниот Џереми Кларксон лани од него заработил преку 3 милиони фунти.
На почетокот, интернетот беше најголемиот благослов во историјата на порно индустријата. Неполна деценија подоцна, токму интернетот ја сотре порнографијата.
Откако Гадафи беше убиен како бубашваба а свргнатите режими не ги наследија баш демократски рози, BBC признава дека во известувањата за Арапската пролет малку претерале со својата еуфоричност.
Од серијалот "Како ЕУ се справува со кризата" имаме епизода поврзана со медиумите. Шпанија реши да ја поддржи медиумската сцена во земјата така што им дозволи да рекламираат проституција. ЗНМ засега без коментар.
Ако нешто е константно во светот на рекламите тоа е сексот, како по застапеноста, така и по успехот да продаде нешто. И така е барем во последниве 30 години.
Откако им пројде кривичниот дел од тужбите против компанијата и нејзините сопственици, сега адвокатите на Њуз Корп. под полна воена спрема ги чекаат приватните тужби за прислушување на мобилните.