ЕнБиСи на свое

Претседателот на спортската групација на ЕнБиСи, објави дека телевизијата некако не успеала да направи профит од Олимпијадата. Се на се, тие се на нула.

Продажбата на реклами на Олимпијадата пораснала на 1,25 милијарди долари, што е речиси 50% во однос на парите што телевизијата ги заработи од Пекинг. Игрите во Лондон се и најгледан настан во историјата, успевајќи да привлечат 219,4 милиони гледачи во САД.

И покрај добрата продажба на реклами и рекордната гледаност, недостатокот на профит се должи на тоа што ЕнБиСи за правата плати 1,18 милијарди долари. Во овие пари не се вклучени трошоците за продукција, промоција, превоз и престој на персонал во друга земја, осигурување и други трошоци.

ЕнБиСи потроши дополнителни 4,38 милијарди долари за ексклузивните права за пренос на Олимпијадите до 2020-та.

7 септември 2012 - 10:58