Фотошопот и понатаму безмилосно се користи ама сега за зголемување / здебелување на манекенките, за да изгледаат потешки и пополни, бидејќи публиката почнала тоа да го бара.
"Морам да ги средам моите клиенти да изгледаат поголеми и поженствено, пред да можам да ги пуштам фотографиите. Слабите не се продаваат," изјавил еден менџаер за Фокс Њуз.
За новиот тренд на "пополнетост" се одговорни девојки како Кристина Хендрикс, Бијонсе, Џенифер Лопез, Кејт Аптон и Ким Кардашијан, но проблемот е што мнозинството манекенки и понатаму се слаби, заради што е потребно да се отвора Фотошоп.
"Кутрите манекенки со години беа присилувани да ги ослабат облините што сега јавноста ги смета за атрактивни кај една жена," објаснува менаџерот и публицист Надја Атвал.