11-ти почна да бледее

11 години подоцна и годишнината од нападите од 11-ти септември речиси и да ја снема од насловните на најголемите њујоршки весници.

Њујорк Тајмс, кој лани имаше детален веб пакет и покривање на годишнината од нападите, годинава на насловната има само мала сторија за тоа како некои градови ја намалуваат прославата на 11-ти септември.

Вол Стрит Журнал е весникот кој најдиректно беше засегнат од нападите. Поранешната редакција им беше буквално карши кулите Близначки а и покрај тоа успеаа на 12-ти септември да извадат нов број од весникот во кој ги покриваа нападите. Весникот освои и Пулицер за покривањето на терористичкиот напад. Годинава единствената вест им беше за скромната церемонија за покривање на годишнината.


Њујорк Пост
како главна вест на својата страна објавува за врската меѓу професорка и ученик во едно приватно училиште во градот.

11 септември 2012 - 16:50