Во мај, беше објавена книгата The Family Corleone, напишана од Ед Фалко, а базирана на страни од едно старо сценарио на Пузо за Кум. Дејствието во книгата се одвива пред Кум. Книгата генерално добро мина кај читателите и доби пофалби за тоа што ги решила дилемите околу минатото на семејството Корлеоне.
Сепак Парамаунт има проблем книгата бидејќи таа е објавена од страна на наследниците на Пузо, кои според студиото немаат право на тоа. Во март, компанијата ги тужеше наследниците барајќи "одлука дека компанијата автоматски ги поседува правата за објавување на која било книга што е продолжение на Кум."
Парамаунт тврди дека во 1969-та ги откупил сите права поврзани со книгата, и правата да користи кои било од ликовите од франшизата во други дела, а наследниците на Пузо единствено го имаат задржано правото да ја ре-издаваат оригиналната книга.
Од друга страна синот на Пузо, тврди дека неговиот татко ги задржал правата да објавува книги со ликовите од Кум во "нови и различни ситуации," плус го обвинуваат Парамаунт дека му се заканувал на издавачот на "The Family Corleone," да престане со печатење и да го откаже договорот со наследниците.
По оваа основа, наследниците го тужат Парамаунт за оштета од 10 милиони долари.