Војната против дрогата е до толку неуспешна, што Бил Клинтон и Џими Картер излегоа пред камера и во новиот документарец Breaking The Taboo најотворено признаа дека нивните политики против дрогите биле погрешни.
Оскарите воопшто не се награда за квалитетот на филмот, туку се трка во бакнување на што е можно повеќе задници на членовите на Академијата, објасни Ентони Хопкинс, на прашањето што прави во врска со неговата номинација за најдобар актер.
По долги преговори и натегања Дизни конечно го купи Лукасфилм (студиото на Лукас, не Аца, другиот). Цена на студиото што ја има веројатно најлегендарната франшиза во историјата на филмот и дузина други неповторливи проекти = колку четири Инстаграми.
Како Бонд, Даниел Крег пие неспоредливо многу алкохол во однос на неговите претходници, ама за тоа па има освоено најмалку девојки споредено со другите. Еве како стојат другите бројки.
50 години по премиерата на Џејмс Бонд во Доктор Но, компаниите кои стојат зад најдолготрајната филмска франшиза на светот, ќе го прослават роденденот со започнување на глобален Џејмс Бонд ден, на 5-ти октомври.
По 50-години владеење, Граѓанинот Кејн повеќе не е најдобар филм на сите времиња. Првото место на убер-престижната Sight & Sound листа на Британскиот Филмски Институт сега го има Vertigo на Хичкок.
Стигнаа рецензиите за The Dark Knight Rises, и критичарите се превртуваат наопаку од давање комплименти. На повеќе, оценките за третиот Бетмен на Нолан, без откривање на детали од филмот.
Што е најневеројатно во новиот Спајдeр мен? 1. Џиновскиот гуштер, 2. Новата, мрачна верзија на Спајдeр мен или 3. Тоа што се случува во свет во кој нема еден, единствен производ на Епл?
Како што главните актерки во филмовите добиваат луѓе кои исклучиво се грижат за нивната коса, така и фризурата на главниот лик на последниот цртан на Пиксар доби ексклузивно внимание.
Дури и да продолжат со исто темпо и да заработуваат по 700 милиони долари неделно, на Avengers пак ќе им требаат повеќе од 2 години за да ја исплатат целата штета што ја направија во Њујорк.
Секој пат кога Џуди Денч ќе опцуе во филм, Британското биро за класификација на филмовите (BBFC) очекува да добие жалба од гледачите. Друга честа причина за жалба - што не кажавте дека филмот е лош.
Улицата меѓу актерството и порното најчесто е еднонасочна. Во обратен смер ќе се обиде да тргне Џеjмс Дин кому сериозната ABC му посвети цел прилог загрижено прашувајќи ги родителите дали се свесни дека нивните ќерки се повеќе фантазираат за 'романса' токму со него.