Среќата доаѓа од тажни филмови?

По основа на "имало и бетер," гледањето тажни филмови може да ве направи среќни, тврдат од Универзитетот Охајо.

Студијата открива дека најголем дел од луѓето со задоволство гледаат трагедии, бидејќи преку нив тие прават анализи на своите врски, кои пак во основа се главен извор на среќата во животот.

"Луѓето ги користат трагедиите како начин да се осврнат на важните врски во нивните животи. Тоа може да објасни зошто трагедиите се толку популарни кај публиката и покрај тагата која ја предизвикуваат," објаснува, професорката Силвиа Ноблох - Вестервик.

За студијата била употребена скратена верзија на Atonement, филмот од 2007-ма за двајца љубовници разделени со војна кои стануваат жртви на конфликтот. Тимот на научници го следел однесувањето на публиката од 361 студент пред, за време и по прикажувањето.

Студентите потоа требало да ја оценат сопствената среќа, како и емоциите што ги чувствувале за време на филмот.

На крај е заклучено дека луѓето не можат да им одолеат на измислени срце парателни приказни, бидејќи само анализите кои следуваат по нив, на крај доведуваат до многу по позитивни ставови за сопствениот живот.

29 март 2012 - 12:23