Како за ретко што Кинезите имаат прилично солидни стандарди околу свадбите, па пред било што да се случи зетот треба (буквално) да ја купи невестата од нејзиното семејство. За да нема ценкање, направиле и ценовник за целата земја.
Макијавелизмот обично означува политичка доктрина која промовира бескрупулозно рационални методи во владеењето и не дозволува да биде ограничувана од морални начела. Инспирација од езуитската мудрост дека целта ги оправдува средствата добила и една Американка која решила макијавелистичките принцпипи да ги спроведе во своето семејство.
Идејата одамна функционира во некои од светските култури и религии, меѓутоа главна пречка за нејзино воведување во остатокот од светот е што целата работа ја имаме решено далеку подобро.
Да не излезе дека мажите во празно вадат мубети дека сопругите ќе ги умрат, научниците направија истражување за тоа колку живеат мажите а колку жените во истополови бракови. Резултат: жените во истополов брак имаат поголема смртност од која било друга група жени; и се зголемува.
На човекот кој го обликуваше текот на историјата во 20-от век, денес денот му зависи од жената. Човекот кој водејќи ја Германија кон обединување стана татко на нацијата, денес не може да биде татко на своите деца.
Киргистан не само што е земја во која царуваат бракови договорени од фамилиите туку и земја во која можеш да влезеш во брак со киднапирање на избраната. И ти се важи.
Добра вест од типот "драги, најголем ти е во маало" - жените се повеќе се решаваат да се омажат "под својот ранг" со мажи кои се помалку квалификувани или образовани од нив.
Кога веќе знаеш дека некој се мажи со тебе заради пари, не разумно е да не се обидеш од целата работа и ти да извадиш некој ќар, па макар тоа било и неколку пати неделно да ти прават ручек.
Не дека на некој му треба убедување, ама сексот пред брак не само што е пожелен туку е и здрав, пишува во својот текст за сексуалната етика колумнистката на Гардијан.
Традиционалниот семеен модел по кој таткото заработува а мајката одгледува деца сè уште е идеал за огромно мнозинство Британки. 75 проценти од нив велат дека после породилно не би се враќале на работа, да не беа парите.
Сакал да ја ожени својата братучедка но знаел и дека бракот ќе влијае врз неговиот начин на живот и академски аспирации. Па седнал и ги запишал своите дилеми. Таткото на еволуцијата, Чарлс Дарвин, про и контра бракот.
Разводите не мора да бидат гадни и трауматични. Босанката Дијана и нејзиниот довчерашен сопруг тврдат дека го имале најсреќниот развод на светот. Тој замина во прегратките на Ел Мекферсон а таа остана со 150 милиони фунти во џеб.
Рано е да се нарече тренд но ги има сè повеќе: заколнати самци кои организираат класични свадбени церемонии за на роднините и блиските да им соопштат дека се венчаваат сами со себе.
Затоа што предбрачните договори веќе не се доволни, се повеќе парови (како на пример Закерберг и неговата) потпишуваат "договори за врска" во кои се регулирани секојдневните работи, како - излегување.