Бразил легализираше тројки

Земјата која секогаш потсетува на убави работи, сега има уште една убава работа - Бразил дозволи брак на маж и две жени.

Целата работа ја започна нотарка од сојузната држава Сао Паоло, која прифатила да го заведе бракот на двете жени со еден маж. Во своја одбрана таа објаснува дека тројцата заслужуваат да имаат права на семејство и дека нема закон што го забранува тоа.

Како што објаснуваат од канцеларијата на нотарката, идејата на бракот е да се заштитат правата на сопружниците во случај на разделување или смрт на некој од партнерите.

Тројцата, повеќе од три години живееле заедно во Рио Де Женеиро, и за цело ова време ги делеле сметките и другите трошоци, а имаат отворено и заедничка жиро сметка.

Според Глобо ТВ, бракот бил овластен пред 3 месеци, но дури сега јавноста дознала за него.

31 август 2012 - 14:41