"Божe, не можам да се замислам цел живот да го минам како јалова пчела: работа, работа, работа и на крај ништо од тоа", пишува меѓу другото 29 годишниот Чарлс Дарвин во своите белешки, чувствувајќи дека се наоѓа на крстопат како да го продолжи својот живот.
Еве ги неговите забалешки:
ДА СЕ ЖЕНАМ:
Деца (ако даде Господ) - постојан сопатник (и пријател во стари години) - дом, некој да води сметка за него - убавина на музиката и шармот на женските дрдорења - сиве овие работи се добри за здравјето - ама ужасно многу трошат време - замисли се да живееш како самец во некоја зачадена лонсонска куќа - замисли се себе со нежна жена, запален оган, книги и музика.
ДА НЕ СЕ ЖЕНАМ:
Слобода да одиш кај што сакаш - муабети со паметни луѓе во клубови - не си принуден да посетуваш роднини - трошоци и нервози околу деца - трошење време - неможност да се чита во попладневните часови - помалку пари за книги - ако има многу деца, мора да работиш многу за да ги подигнеш а работењето многу не е добро за здравјето.
(неколку недели подоцна, Дарвин им се враќа на овие белешки па запишува дека "да се има дете е подобро отколку да се има куче")
Шест месеци после запишувањето на брачните дилеми, Чарлс Дарвин се жени со Ема Веџвуд. Остануваат заедно до неговата смрт и имаат 10 деца.