Жена и на жена и е жена

Да не излезе дека мажите во празно вадат мубети дека сопругите ќе ги умрат, научниците направија истражување за тоа колку живеат мажите а колку жените во истополови бракови. Резултат: жените во истополов брак имаат поголема смртност од која било друга група жени; и се зголемува.

Во исто време мажите кои биле во истополов брак живеле подолго отколку просечниот маж кој бил во брак со жена. Бројките доаѓаат од Данска каде во 1989-та се воведува првиот закон за истополови партнерства. Во првите неколку години бил забележан раст на смртноста кај овие партнерства, меѓутоа од 1996-та и со подобрувањето на третманите за ХИВ и СИДА, смртноста кај мажите кои биле во брак со мажи паднала под нивото на смртност на разведените мажи или оние кои никогаш не биле во брак.

Истото истражување открива дека кај жените кои биле во брак со жени постои поголема смртност, и тоа најмногу од самоубиство или рак.

Истражувањето е спроведено од Институтот Statens Serum од Копенхаген и Аалборг Универзитетот. Во него биле анализирани податоците на 6,5 милиони возрасни граѓани кои живееле во Данска од 1. јануари 1982-ра до 30. септември 2011-та.

12 март 2013 - 15:32