Во лошите економски времиња, семејства со деца тешко можат да опстанат само со еден извор на приходи. Зголемени трошоци, кредити, заеми и долгувања се главните причина што новите мајки се враќаат на работа, велат експертите објаснувајќи резултати од истражување кое покажало дека голем број жени попрво би останале дома со своите деца отколку да одат на работа.
Три четвртини од жените би биле задоволни да бидат само мајки а една од 7 Англичанки вели дека во секој случај би ја продолжила својата деловна кариера.
Се проценува дека дете во просек ги зголемува семејните трошоци за 5.000 фунти годишно.