Брак

Многу е тешко верно да љубиш

Спорот што науката се обидува да го реши е битката меѓу моногамија и не-моногамија (ова второво внимателно спакувано да не звучи како полигамија).

Запросување од три години

Цели три години, малку по малку, го подготвувал запросувањето на девојката со која сакал да се ожени. Индипендент вика дека се исплатело. Ние мислиме дека нема везе. Мечка ќе родеше за тоа време.

Мажот што ограби банка за да се спаси од жена му

Бирајќи меѓу служење затворска казна со почитување на основни човекови права, и служење брак без никој да ти гарантира правото на мир и раат од сопругата, Американецот Лоренс Рипл се решава за полесниот излез - право во затвор.

Табуто на родителите што се пишман што имаат деца

Денот кога Викторија Елдер го раѓа своето дете, во истиот момент кога ѝ го ставаат бебето во раце таа „чувствувала и сè уште чувствува дека направи грешка“. Важната дистинкција е дека таа ја сака ќерка си, ама сепак мисли дека направила грешка.

Казна што престанува со првата брачна ноќ

Американски судија му наредил на 19-годишен дечко да нема никаков секс, со никого, пред да се ожени. Ова му е дел од казната што силувал малолетничка.

 

Завршна сметка, долг брак

Како што на забар не треба да се оди само кога те боли заб, така и на брачно советувалиште не треба да се оди само кога веќе ги имате исцртано фронтовските линии по дома.

Една ко ниедна, две ко пет

Британски милионер муслиман има отворено дејтинг сајт кој на мажи им помага да ја најдат својата втора или трета жена. Се регистрирале над 35.000 Британци. 

Разводот од 14 милијарди долари

Технички, парите ги има заработено Владимир Потанин, еден од најбогатите Руси. Технички, Владимир, нема никаков предбрачен договор со неговата прва сопруга Наталија Потанина. Технички, на Наталија и следуваат пола од парите.

Кинески младенци на својата прва уставна ноќ

Тазе венчана двојка од Кина ја минале нивната прва брачна ноќ препишувајќи го уставот на нивната држава. Word count: 17.000 зборови. Цел: да ја помогнат националната кампања за подигнување на свеста за вредностите на кинескиот систем. 

Клучот за среќен брак е одвоен живот

Има многу двојки кои спијат во одделни соби но оваа отишла чекор понатаму па мажот и жената си живеат среќно во - различни куќи.

Потеклото на бракот (и моногамијата)

На самото запознавање на човештвото со земјоделството се случува еден клучен пресврт во однесувањето на луѓето - нашите предци од зорт се откажуваат од полигинија (форма на полигамија каде само мажот има право на повеќе партнери).

Си бил О'Рајли, ама без децата

Популарниот и ултра богат водител на Фокс е највлијателниот медиумски јуришник на конзервативната Америка, онаа која се колне во религиозноста и  семејните вредности. И, штотуку го изгуби старателството над своите деца. 

Како се менува потрагата по љубовта

„Напред беше поарно" - би ви рекла прабаба ви, да можеше да се сети на нејзините љубовни доживувања од младоста. Во минатото идните сопружници живееле релативно блиску едни до други, во исто или соседно село, или во исто градско маало. Денес е малку поинаку.

Татко, сопруг, швалер

Две статистики. Прва - 42% од татковците родени по 1980-та се чувствуваат истрошени од постојано балансирање меѓу работа и приватен живот. Втора - 40% од луѓето во долги врски ќе имаат афера. Бонус, 56% од мажите што изјавиле дека имаат афера се среќни од својот брак.

Раскинувања, поволно

Кажуваш негово или нејзино име, даваш контакт, плаќаш 30 долари и компанијава го спроведува целото раскинување во твое име, без да треба да кажеш ни збор. Логиката зад целиот бизнис е - луѓе му плаќаат на Тиндер за да ги внесе во врска, зошто да не плаќаат за некој да ги извади од таму.

Кинеското второ дете и берзите

По стотици илјади абортуси заради незадоволство од полот на бебето, и уште толку непризнаени и напуштени деца, Кина деновиве ги укина правилата за планирање на семејството (едно дете по семејство). Потег кој сериозно не им беше планиран на производителите на кондоми.

Свадба, ама не за озбилно

На Аргентинци кои задоволно живеат во неофицијализирани врски, сè почесто им фали свадба. Па сè почесто и решаваат да прават свадба, ама, кобајаги.

Имај прво дете

Иако глобалното сексуално образование генерално промовира апстиненција и пазење, Данците под притисок на се помалиот број новороденчиња малку го проширија ова во спротивен правец и го дополнија со предупредување до тинејџерите за ризиците од предолго чекање да имаат деца.

Зошто луѓе раскинуваат заради Икеа?

Каталогот и изложбените простори на познатиот производител на мебел се идеализиран дом во кој владее мир и хармонија. Но купувањето, а особено составувањето мебел од Икеа е чест повод за распаѓање на врски. Во услови на лажна хармонија најлесно доаѓаат до израз деталите од  реалната нехармонија.

На богатиoт нема кој да му рчи

Соби за рчење е последниот шик на богатите за зачувување на мирот на својот сон. Кога тој мир не е пореметен од трубите на совеста туку од рчењето на партнерот.

После геј браковите следува полигамија?

По одлуката на американскиот Врховен суд, во САД веќе не постојат еднополови бракови. Постојат просто  - бракови.  "Љубовта победи" е сумарниот слоган на слободарските кругови во светот. Конзервативците мислат поинаку. Кај нас лидерството на ЛГБТ заедницата проценило дека треба да праќа мртовечки венци.

Сергеј Брин ќе ги раситни 30-те милијарди долари?

Две години откако беше фатен дека има паралелна врска со една од вработените (она 20 и нешто, он скоро па 40), Сергеј Брин деновиве многу тивко и без многу ширење информации се разведе од својата сопруга.

Жени кои примаат "бонус за сопруга"

Убаво и благородно звучеше она дека жената треба да се цени и по тоа што прави за семејството, како домаќинка и мајка. Во најновиот развој на настаните, таквото ценење добива форма на паричен бонус, како во компанија.

ИСИС одобри едно важно женско право

Кога феминизмот ќе добие родова битка во џихадистичка околина, се добива прилично бизарен резултат.